Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Објавено March 15, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна, при што утврдени се недоследности кај 41 оператор, за што се издадени решенија за наредба, изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна.

Кај седум од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени (декларирани) на македонски јазик.

АХВ инфомира дека, кај осум оператори со храна утврдено е дека вработените немале санитарни книшки, односно биле затекнати без задолжително спроведен здравствен преглед. Кај еден од операторите кај кој е спроведен инспекциски надзор, АХВ утврдила дека врши недозволено препакување на производи од животинско потекло.

Инспекциските служби на АХВ, минатата недела во Скопје, при спроведен вонреден надзор, затворија нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништија околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок, како што информираат, работа без одобрение од АХВ и ставање во промет на небезбедни производи, на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна.

При друга спроведена вонредна контрола, од физичко лице, одземени се и 50 килограми производи од месо со непознато потело. Производите се продавале на отворено, без потребен температурен режим. За сторениот прекршок, на физичкото лице изречена му е парична казна, а одземените небезбедни производи од месо нештетно се уништени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа
Следна Статија ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку…

May 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Конечно ќе се потврдат нашите тврдења за исправност во работењето, велат од Стоматолошката комора

Стоматолошката комора на Македонија објави дека со задоволство ја примиле информацијата дека министерот за здравство, Азир Алиу, ги доставил до…

August 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК

Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа…

May 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави

На новинарско прашање во врска со состојбата со недостиг на анестезиолози на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство, Азир…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?