Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новинари повикани во полиција, па пуштени, бидејќи снимале со дрон на денешните протести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новинари повикани во полиција, па пуштени, бидејќи снимале со дрон на денешните протести
МАКЕДОНИЈА

Новинари повикани во полиција, па пуштени, бидејќи снимале со дрон на денешните протести

Објавено March 18, 2025 23:30
Сподели
Сподели

Новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс вечерва биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, по повод трагедијата во Кочани.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи за МИА, тие по разговорот се пуштени.

Од МВР денеска информираа и дека Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.

Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“ и укажувањето дека „оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“.

-Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, тие да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата, наведува МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Забрана за дронови на територијата на Кочани и Штип
Следна Статија (Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар,…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен денеска во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Како…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?