Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
ХРОНИКА

Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта

Објавено March 25, 2025 15:30
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Кривичната пријава е поднесена против Џ.Б. (54) од Кичево, Е.Р. (56) од Тетово, Е.Љ. (61) од Тетово, М.Б.  (48) од Скопје и Д.З. (39) од  Тетово и против правен субјект од Кичево.

Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување  24/7  на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и  за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена,  а  на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување  за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

Тогашниот директор на јавното претпријатие бил должен да се грижи за законитоста во работата и примената на прописите, статутот и другите акти, како и да врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите, но не ја извршил таа должност и го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно.
Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле  дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале  барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање, по што ги одобрувал и доспеаните фактури кои потоа биле реализирани во корист на Агенцијата за обезбедување.
На овој начин другите осомничени на осомничениот носител на набавката му овозможиле да прибави противправна имотна корист  во износ од 46.918.079 денари и со тоа нанеле  штета од големи размери на Јавното претпријатие за државни патишта.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
Следна Статија Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесено обвинение за 16 лица во предметот „Премин“: Цариници на Дојран и Ново Село примале поткуп, еве колку пари се пронајдени

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Уапсени пијани возачи, двајца предизвикале сообраќајка

Министерството за внатрешни работи информира дека се лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле…

August 17, 2025
ХРОНИКА

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова

Васил Јованов е осуден на 12 години за прегазувањето на младата Фросина Кулакова, изрече денеска судијата во Кривичниот суд. На…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Шеваљ Муареми го бараат со потерница, а тој си работи во Дубаи (ВИДЕО)

Во јули оваа година, петмина членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Како…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?