Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никој не знае колку отровен мазут влегува во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Никој не знае колку отровен мазут влегува во земјава
ЗДРАВЈЕ

Никој не знае колку отровен мазут влегува во земјава

Објавено March 30, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Големи количини опасен „мазут“ со лош квалитет влегуваат во земјава, а никој не знае точно колку, вели поранешната директорка на ДИЖС Ана Петровска во интервју за РСЕ. Таа вели дека Царината не ги мери сите параметри, додека фирмите прават голем профит, а загадувањето останува нерешено.

На почетокот на месецов имаше апсења за случајот со увоз на мазут со лош квалитет. Како според вас било ова овозможено, кој се замижувал за да се увезе тоа гориво во земјава?

Во целиот тој ланец на можно спречување на увоз на штетно гориво, прв на браникот е Царинската управа која има начин да утврди дека влегува опасно гориво, пред се читајќи ги царинските декларации во коишто има спорни царински броеви по коишто и во минатото биле увезувани количини на опасен мазут. Потоа, може да биде индикативно и името на мазутот, на пример шверол – којшто значи тешко масло остаток од производство на гориво или отпадни масла, па тоа значи дека не е мазут, туку е отпад, и на крајот во царинската декларација можно е да се крие и шифра на отпад, согласно листата на отпади од групата 13 што значи отпадни масла и течности.

Царината овој трет индикатор не знае да го чита, тоа може да го чита Министерството за животна средина или Државниот инспекторат за животна средина, но за жал тие не се вклучени во царинската постапка за увоз. Понатаму, Царината согласно законот за Царинска управа, по Член 78, да нарача мерење на квалитетот, наместо да се задоволи само со разгледување на царинската декларација и при првиот сигнал дека имаме сомнителен тарифен број, сомнително име или сомнителна шифра, да го ангажираат Пазарниот инспекторат. За сметка на тоа тие за задоволуваат со мерење само на содржина на сулфур, бидејќи содржината на сулфур е исто така е важен еколошки параметар.

Дали знаме колкава количина на вакво гориво е внесено и колку е изгорено?

Можам да ви кажам дека секој што ќе каже колку ќе шпекулира. Во 2019 година излезе информација дека биле пронајдени 10 цистерни, што веројатно не ни еден отсто од тоа што влегло. Сега исто така зборуваме за големи количини – 37 000 тони и така натаму. Во 2021 година, извештаите што ги даваат институциите всушност се фокусираат на тоа кој увозници биле казнети – кои немале лиценци, кои немале доволно стокови резерви и кои што се најдени зголемени параметри на содржина на вода и пепел.

Меѓутоа никој не кажа кои институции го гореле тоа гориво и со колава количина. Никој тогаш не кажа дека болница – физикална терапија горела штетен мазут во среде центар на град, дека РЕК Битола исто така горел опасен мазут, дека тулана во Ресен исто така горела опасен мазут, дека Огражден во Струмица исто така горела опасен мазут. Значи сите се фокусираа на тие фирми коишто биле казнети – увозниците, но и овие се донекаде одговорни, бидејќи ова гориво е многу поевтино затоа што е произведено многу поевтино. Мазутот бидејќи има многу мала содржина на сулфур, тој сега е доста скап и јас се осмелувам да кажам дека многу големи количини на отровен мазут влегуваат токму затоа што неговата цена е висока на пазарот во Западна Европа, а реално се увезуваат големи количини на ова гориво коешто е со лош квалитет и каде што огромни профити прават фирмите коишто со него работат, но тука профитот го прават и формите коишто купуваат, бидејќи го купуваат за малку поевтино?

Може ли да се каже дека ова воопшто не е мазут?

Тоа е отпад од производство на горива или е отпадно масло. Тоа е тој шверол којшто по дефиниција е тешко масло, дури не го ни викаат мазут, затоа што е интересно дека ние сме изгубени во преводот. Ние не увезуваме мазут, ние увезуваме „heavy oil“ – тешко масло со одреден тарифен број, со одреден комерцијален назив и потенцијално со некоја шифра на отпад, ако ни се протне отпад, а верувам дека многу често тоа ни се случува.

Како гледате на тоа што истрагата на Обвинителството актуелниов случај за нафтените компании е насочена само за перење пари и местење тендери, но не и за квалитетот на горивото, односно за загадувањето. Треба ли обвинителството да отвори истрага за делото екоцид, кое стана дел од Кривичниот законик со последните измени?

Јас се плашам дека они тука „екоцид“ нема да можат да докажат, бидејќи Кривичниот законик дефинитивно така го опишува ова дело – дека треба да имаме повеќекратно зголемени емисии во воздухот за да може да го казниме делото „екоцид“, а ние тука не сме ги ни мереле емисиите. Тоа е термоцентрала која што работи без еколошка дозвола, едноставно работи под хоризонтот на инспекторите и никој тука не ги врши тие мерења.

Во секој случај, вие сте во право, тоа е дефинитивно е „екоцид“, меѓутоа верувам дека Обвинителството нема да може да го докаже, ниту пак има соодветни стручни служби или вештаци коишто тоа можат да го докажат. Тоа е уште еден проблем. Санкционирањето на вакви дела, каде што тие луѓе свесно влегле во вакви зделки, треба да лежат затвор. Ние немаме начин како држава, немаме механизми да ги осудиме затоа што немаме капацитети да обезбедиме солидни несоборливи докази.

Извор: РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мбапе го израмни голгетерскиот учинок на Роналдо во дебитантска сезона во Реал
Следна Статија На свадба во Венеција – како ќе изгледа венчавката на еден од најбогатите луѓе во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција…

February 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Правилото од 21 секунда може да открие колку сте здрави

Колку често броите колку време ви е потребно за нужда кога одите во тоалет? Веројатно никогаш - но според една…

July 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест.…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?