Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен?

Објавено March 31, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, денеска на прес-конференција праша дали има нов скандал во Министерството за дигитална трансформација.

По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет. Граѓаните уште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница. Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ. Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок. Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан. СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се! Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал. Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје. Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство, рече Илиевски.

Тој го повика министерот Андоновски да излезе да одговори дали ова е точно.

Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството? Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.com СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка. Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски? Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани. Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните. Одговорност мора да има, рече Илиевски на прес-конференцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на ЕУ средства
Следна Статија Возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, полицијата го приведе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето…

November 26, 2024
ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?