Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Објавено April 3, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени и велат дека секојдневно се зголемува бројот на инсулини кои што не се достапни, а со ваквиот недостиг им се загрозува здравјето.

„Се нудат замени во инсулинските аптеки на оние инсулини кои што ги нема. Апелирам тоа да не се прифаќа никако. Подобро е ние да размениме од тоа резервите што ги имаме дома ,а надлежните да изнајдат начин за испорака на потребната терапија во целосни количини, затоа што се нарушува конторлата на шеќерот кај нас и се нарушува сериозно нашето здравје“, вели Диме Велев од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека во тек е процедурата на набавка на инсулин која наскоро ќе заврши и додава дека недостигот е само во одредени места.

„Наменската терапија е само привремено за мал број на пациенти. Многу брзо ќе има терапија низ цела територија на Македонија. Тие се во комуникација со ендокринолозите кои им даваат најдобри препораки за да се помине овој период од две недели. Се надевам дека многу скоро терапијата ќе ја има низ целата држава, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

Недостигот на терапија се почувстува уште пред еден месец, кога околу 250 пациенти кои користат Озенпик за намалување на високото ниво на шеќер во крвта, останаа без овој лек. Потоа се трошеа залихите и на останата терапија, па во последните две недели пациентите се соочија со недостиг на неколку видови инсулини, што им создава сериозни здравствени проблеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот
Следна Статија Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Царинските службеници на граничниот премин Богородицаоткрија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор…

August 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар…

November 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Измени во специјализациите најави министерот за здравство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека креираат матрица на човечки ресурси во здравството, според која, ќе се креираат…

November 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?