Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром
ХРОНИКА

Шверцале злато вредно 500.000 евра: Брачен пар од Антверпен фатен на скопскиот аеродром

Објавено April 7, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, откако ја поминале пасошката контрола на Аеродромот во Скопје, поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ минимално поевтинување на горивата
Следна Статија Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Одреден 30 дневен притвор за Фахми Стафа

На поранешниот правобранител, Фахми Стафа му е определен притвор во времетраење од 30 дена, поради опасност од бегство и влијание…

December 15, 2025
ХРОНИКА

Случаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар

Случаен минувач вчера спасил возрасно машко лице кое се давело во реката Вардар. Полицијата го потврди случајот и излезе со…

June 13, 2026
ХРОНИКА

Таткото на Вања Ѓорчевска: Се чувствувам како заложник

Обвинителот Дарко Јакимовски денеска ја образложи жалбата на Обвинителството за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски,татко на убиената Вања. Тој смета…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?