Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Цветници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Цветници
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Цветници

Објавено April 13, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар.

На тој ден, Исус Христос, придружуван од своите ученици и мноштво народ, тргнал од Витинија за Ерусалим. Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле (магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни.

Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.    

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Си ги мирисал валканите чорапи, па добил габична инфекција на белите дробови
Следна Статија Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид: Така се бранат македонските бои

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?