Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Објавено April 13, 2025 19:47
Сподели
Сподели

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека таа зачестено гори и ги труе и не само тоа стравуваат и од ширење на зараза,од глодарите кои се појавувале.Иако во повеќе наврати бевме убедувани од локалната власт дека оваа локација е само привремена и дека проблемот со одлагањето отпад ќе биде решен за краток период,тоа не се случи, велат жителите, пренесува Алфа ТВ.

“Ние сеуште не гледаме дека работата е поместена од нулта точка,напротив дури сме приметиле накубиченото ѓубре само се зголемува и расте. Сведоци сме истата на неколку наврати се пали, не знам дали намерно или случајно но пред 8 месеци сведоци бевме на огромен пожар од кој цел град беше под густ чад и смрдеа цели 3 дена. Јас не знам како тогаш не излеговме цел град на улица за да си го заштитиме нашиот живот”вели- Бојан Мишкоски-граѓански активист.

Кичевчани со ултиматум до градоначаникот Дехари,или ќе ја дислоцира депонијата на која се одлага отпад од град и околните места, или ќе му се случи народ.

–“Јас моментално сум клиент на хематологија и таму професорите ми кажуваат дека од Кичево има најмалку 700 пациенти од таа депонија и од Осломеј,значи градов е гроб;–Овој проблем се провлекува веќе 7-8 години без никакво решение,не знам што да направат граѓаните за да може ова да се реши.Сепак институциите треба да си ја завршат работата,затоа се и платени; – Најискрено ние сме најзасегнати на 30 метри од куќата ни е дивата депонија.Решение не се гледа дека има, така да само се носи ѓубре, а да се дислоцира нема шанси.Ние мора некоја граѓанска иницијатива да превземеме оти ова не се трпи повеќе”

Граѓаните бараат од општината и јавното комунално претпријатие веднаш да се отстрани целиот отпад, просторот каде се трупа отпад да се дезинфицира и да се започне постапка за изградба на современа депонија по еколошки стандарди депонија,во спротивно ќе превземат радикални мерки кои нема да имаат нити партиска,нити национална или религиска позадина,оти сите го дишеме истиот воздух. Ова не смее да остане вака, имаме право на здрава живот на средина велат.Градоначаникот на Кичево,Фатмир Дехари вели дека се обидувале да управуваат со отпадот но немале каде да го носат, спасот го гледа во изградба на регионалната депонија во Новаци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење
Следна Статија Бугарија доби нов американски воен авион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди

Министерството за дигитална трансформација ќе им прати на основните и средните училишта препораки во врска со апликации на мобилните уреди…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Американската амбасадорка, Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?