Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Велики четврток – првото црвено јајце има голема моќ

Објавено April 17, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата.

Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот.

Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата.

Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.

Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. 

Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. 

Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.

Велики Четврток е еден најпрометните ден од подготовките за Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени.

Првото бојадисано јајце исто така треба да е во црвено – се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв. Со него, додека уште не е скршено најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да не штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех.

Според традицијата во минатото на Велики Четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогашнајвозрасните жена во семејството замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник).

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.

Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Фудбалер почина по пад од 11 кат
Следна Статија Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија

Немало такви разговори, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари, кој во гостување на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Од ЈО не протекуваат информации до криминалци за истраги кои се водат против нив

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, нема информација каде е поранешниот вицепремиер, Артан Груби, но во тек е истрага. Во интервју за…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина

Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025 г., во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански одреди, кај…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?