Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

Објавено April 18, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Инвеститор за 2,5 милиони евра го купи земјиштето на ски-центарот „Кожуф“, кој е девет години во стечај.

На 10 април Основен суд Велес донел решение со кое Собранието на доверители ја прифатило понудата на „Елдорадо Инвест Тим“, стои во информација објавена на Централен регистар, објави „Фактор“

Купено е земјиште со површина од 451.810 метри квадратни, за сума од 157 милиони денари без ДДВ преку јавен оглас за електронска продажба на имот без утврдена почетна цена од февруари годинава.

Неофицијално, станува збор за инвеститор со македонско потекло од гевгелиско-виничкиот крај кој долги години живее во Германија.

Неговата инвестиција во ски-центарот би ја здружил во заеднички конзорциум со инвеститорот кој пред две години ја купи опремата од ски центарот кој има голем потенцијал.

„Елтех“ Дооел Скопје е фирмата која за 21,5 милиони денари (350.000 евра), го купи движниот имот, односно опремата на ски-центарот Кожуф во стечајна постапка, иако истиот според официјалните проценки вредел 174 милиони денари, или осум пати повеќе.

Купени се ски-лифтовите, жичарницата и механизацијата.

Со рестартирањето на опремата и со купување на недвижниот имот се исполнети условите за рестартирање на центарот, но за тоа, како што велат упатените, е потребно и да се направи разрушениот пат од страна на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион
Следна Статија Чурлинов стрелец против Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област

Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area), информира премиерот Христијан Мицкоски. -Тоа подразбира…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонските граѓани должат над четири милијарди евра на домашните банки

Според најновите податоци на Народната банка, физичките лица во Македонија должат 265,46 милијарди денари или околу 4,32 милијарди евра на домашните банки. Потрошувачките кредити имаат најголем…

March 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

По три години, од 3 мај летови Скопје – Барселона, стартува и авиолинијата за Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?