Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку време може да се јадат велигденските јајца?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Колку време може да се јадат велигденските јајца?
ЗДРАВЈЕ

Колку време може да се јадат велигденските јајца?

Објавено April 21, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Во зависност од тоа дали се на собна температура или во фрижидер, имаат различен рок на траење.

Иако духот на празникот сè уште не нè напуштил и на трпезата убаво изгледаат декорираните, украсени велигденски јајца, треба да знаете дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите. И затоа не треба долго да се чуваат како украс на масата, предупредуваат експертите.

Основното правило е дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер по варењето, а не во корпа на масата, како што се практикува кај нас.

Колку долго после Велигден се оставаат јајцата на трпезата и служат како главен украс?

Тешко е да се процени колку јајца треба да сварите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба. Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.

Како резултат на тоа, се јавува труење. За време на процесот на варење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.

Тоа го поткрепува и фактот што секоја година по Велигден се појавуваат пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење на желудникот“. Симптомите може да варираат – од блага непријатност, надуеност, промени во варењето, до тешка мачнина, повраќање и дијареа.

Ако ги чувате јајцата на собна температура- јадете ги истиот ден или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Папата Франциск ќе биде погребан најдоцна за девет дена
Следна Статија Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат да откриваат нови, изненадувачки детали за тоа како…

August 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени…

April 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем…

June 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?