Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска
СВЕТ

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

Објавено April 26, 2025 18:42
Сподели
Сподели

Трамп и Зеленски седнаа на разговори во Ватикан. На маргините на погребот на папата Франциск, двајцата лидери ја искористија приликата и во за многумина можеби невообичаен момент, одржаа тет-а-тет средба во базиликата Свети Петар. Изјави немаше, но темата како што е и очекувано, била за војната во Украина. Украинскиот претседател Зеленски средбата потоа преку социјалните мрежи ја оцени како симболична, но со потенцијал да стане историска.

Двајцата како што напиша тој, разговарале за одржлив и целосен мир кој би спречил идна војна на европскиот континент. Од Белата Куќа пак, засега молк. Сепак, дел од странските аналитичари, на средбата веќе гледаат како на позитивен исчекор кон ставање крај на војната во Украина.

Ова е интересен момент бидејќи изгледа како претседателот Зеленски да дошол со предлог кој некако го смирува тонот, секако со украински барања на кои мислам дека и Доналд Трамп би сакал да одговори. Па, изгледа дека било навистина, навистина интересна (средбата) и можеби значајна средба.- Аналитичар Константин Егард

На папата, жив или мртов, апсолутно никој на планетата не рекол не на покана од страна на папата. Во таа смисла, доколку има било каква можност за Трамп и Зеленски за движење кон мир во Украина, тоа би било соодветно признание за наследството на папата во вид на папски мир.- Аналитичар Џон Ален

Покрај со Зеленски, во базиликата се одржала и кратка средба со британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, но за што точно се разговарало на нивната средба е се уште непознато. Ваквиот тек на настаните доаѓа по објавата на Трамп на социјалните мрежи во која порача Украина и Русија се блиску до постигнување на договор за ставање крај на војната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
Следна Статија Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

МАСК: Наскоро крај на бесмисленото убивање во Украина

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Илон Маск изјави дека крвопролевањето во Украина наскоро ќе заврши. -Бесмисленото убивање во Украина…

November 9, 2024
СВЕТ

Трамп: Царини од 50% за бразилски стоки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, завчера адресираше писмо до неговиот бразилски пандан, Луис Инасио да Силва, во кое го известува…

July 10, 2025
СВЕТ

Саркози ќе ја отслужи затворската казна во Париз

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска…

October 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?