Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања
ЕКОНОМИЈА

Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања

Објавено April 27, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), е потврда за успешните регулативни реформи предводени од Народната банка и следствено – високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошното поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржувањето на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност. Светската банка (СБ) ќе продолжи да ги поддржува активностите на Народната банка за ефективно приклучување на нашите финансиски институции кон европските платежни системи, како и за приклучување кон регионалниот проект за инстант плаќања. Ова беше истакнато на средбите на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со високите претставници на Светската банка, односно заменик-претседателката на СБ за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шијаочинг Ју, директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На состаноците учествуваа и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Во насока на понатамошна интеграција на финансискиот систем и унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните и стопанството, Ангеловска-Бежоска информираше за постигнатиот успех – приклучувањето кон СЕПА. Таа потенцираше дека овој чекор е резултат на големиот напор во изминатиот период за реформирање на законската и регулаторната рамка и нејзиното усогласување со европските стандарди. Оваа стратешка определба не само што ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања, туку и ќе го поддржи процесот на европската интеграција.

Членството во СЕПА е стратешко достигнување, но и основа за предизвиците коишто претстојат. Народната банка со поддршка на Светската банка, продолжува со усогласување на националното законодавство со законодавство на Европската Унија. Народната банка веќе ги донесе дополнителните промени во регулативната рамка за извршување на плаќањата со странство, коишто ќе започнат да се применуваат од 5 октомври годинава, кога давателите на платежни услуги ќе може за првпат да се приклучат кон платните системи во СЕПА. Следната година фокусот ќе биде на инстант-плаќањата. Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Народната банка кон целосна финансиска интеграција во ЕУ”, истакна гувернерката во своето обраќање на тркалезната маса посветена на СЕПА, при што посочи дека домашните банки во соработка со Народната банка напорно работат во следните неколку месеци целосно да се интегрираат во европскиот екосистем за плаќања, нудејќи им на своите клиенти услуги еднакви со оние коишто се нудат во ЕУ.

На средбите со високите претставници на Светската банка позитивно беа оценети и политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност, при што акцент беше ставен на техничката помош од Светската банка, со којашто преку повеќе проекти дополнително се јакнат капацитетите на земјата и централната банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка како и финализирањето на подзаконските акти на Законот за решавање на банки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аукција на уметнички дела за настраданите во Кочани
Следна Статија Еве кој е иницијатор на крајот на десетгодишниот брак на Ана Ивановиќ и Швајни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот поглед на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Овие земји би можеле да бидат првите кои ќе го укинат кешот

Безконтактните плаќања не покажуваат знаци на забавување по пандемијата, при што земјите како Норвешка и Финска се приближуваат до безготовинските…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за еден денар по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?