Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер
СВЕТ

Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер

Објавено April 27, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Возачот кој со својот автомобил влета во толпа луѓе на фестивал во Ванкувер сега е под полициска заштита, за да спречат да биде линчуван од насобраните граѓани.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како полицајци опкружуваат уапсен Азиец, додека толпа луѓе се обидуваат да дојдат до него. Видно вознемирен, возачот на видеото едвај успеа да каже „Извинете“, пред да го одведат полицајците.

Инцидентот се случи за време на прославата на Денот на Лапу Лапу, голем празник за филипинската заедница, кога автомобил со голема брзина влета во толпата. Според првите информации, во несреќата загинале неколку лица, додека голем дел од нив се здобиле со повреди.

Полицијата во Ванкувер потврди дека возачот е уапсен и дека истрагата е во тек, но официјалниот биланс на загинати се уште не е објавен. На снимката се гледаат драматични сцени: полицијата се обидува да ја контролира разгневената толпа додека истовремено им помага на повредените.

Организаторите на фестивалот изразија сочувство до семејствата на жртвите и соопштија дека сите планирани активности се откажани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седми неуспешен обид за конституирање на косовското собрание
Следна Статија 16-годишен мотоциклист загина откако се судри со електричен тротинет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш, прогласи победа на парламентарните избори во Чешка, а актуелниот премиер Петр Фиала му…

October 5, 2025
СВЕТ

Германија презема чекори за враќање на своите државни резерви злато што се чуваат во САД

Пратеници и организации во Германија, вклучувајќи го и Германското здружение на даночни обврзници, бараат итно враќање на 1.120 тони злато…

January 30, 2026
СВЕТ

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија

Високи претставници на Европската Унија денеска ја изразија својата огорченост поради смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, насочен кон…

December 14, 2025
СВЕТ

Кадиров хоспитализиран откако беше спасен од давење во Бодрум

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е хоспитализиран откако беше спасен од давење во турското одморалиште Бодрум, објави онлајн изданието „Милиет“. Инцидентот…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?