Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна
ЗАБАВА

Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

Објавено May 4, 2025 20:30
Сподели
Сподели

Судењето на музичарот Шон „Диди“ Комбс или П Диди, обвинет за злосторничко здружување, трговија со луѓе и транспорт на луѓе преку државните линии заради проституција, ќе започне во понеделник, 5 мај.

Според обвинителите, повеќе од две децении, основачот на музичката издавачка куќа „Bad Boy Records“, некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди ја користел моќта и престижот стекнати со градење на хип-хоп империја за „уништување на млади животи“, пренесе АП.

Обвинувањата вклучуваат оргии поттикнати од дрога каде жените биле принудувани да имаат секс со машки проститутки додека Диди го снимал сето тоа.

Повеќе сведоци тврдат дека Комбс ги заплашувал луѓето да ги замолчат, користејќи насилство.

Тој призна една точка за насилство, јавен напад на неговата поранешна девојка, пејачката Кеси, а неговите адвокати тврдат дека останатите обвиненија се лажни.

Иако десетици луѓе го тужеа Комбс за злоупотреба, ова судење ќе се фокусира на тврдењата на четири жени. Една од нив е Кеси, која поднела тужба во 2023 година, тврдејќи дека Комбс ја злоставувал за време на нивната 10-годишна врска, вклучувајќи физичко малтретирање и силување.

Комбс беше обвинет минатиот септември и оттогаш е во федерален затвор во Бруклин.

Изборот на поротата е закажан за понеделник во федералниот суд во Менхетен, а сведочењето би можело да започне следната недела.

Доколку биде осуден по сите точки, Комбс се соочува со неколку години затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски винарии го најавија Денот на станушината
Следна Статија Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Девојки од Грција не можеа да ја дослушат македонската песна изведена од колумбиски бенд

Девојки од Грција не можеа да ја дослушат македонската песна изведена од колумбиски бенд кои пејат на македонски јазик. Ние…

September 10, 2025
ЗАБАВА

Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе

Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага. Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Крстот на синџирчето на Цеца има големо значење

Жељко Ражнатовиќ Аркан обожавал да ја краси својата сопруга Цеца Ражнатовиќ со скапи ланчиња, алки и прстени. Командантот на Српската…

May 19, 2025
ЗАБАВА

Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

Празникот на пролетта 22 март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?