Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи

Објавено May 5, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи, а тоа остава огромен број други без вакви помагала кои им го олеснуваат секојдневниот живот.

Од Сојузот на дијабетичари бараат од Владатa и од министерството за здравство во јавните набавки да обезбедат поголем број на вакви уреди, со кои што полесно ќе се контролира шеќерот во крвта, но и значително ќе се намалат ризиците и компликациите од дијабетесот.

„Бараме државата да ги зголеми бројот на лица со пумпи од 300 на повеќе, до 1 000 лица најмногу годинава, според трошоците, но и сензорите да бидат од истиот тип односно од тој затворен систем. Што бараме всушност? Бараме заштита на сите деца и млади тој хибриден систем го намалува можноста за хоспитализации, бубрежни инсуфиенци итн. Заштедуваме многу средства во однос на тоа дека лицата со тип 1 нема да имаат проблеми во секојдневниот живот.“ – Димче Велев Сојуз на дијабетичари.

Министерот за здравство тврди дека во двегодишната јавна набавка веќе е зголемен бројот на инсулински пумпи, но без да прецизира колку се набавени и дали ќе бидат доволни количините за сите пациенти.

„Веќе е зголемена и оваа година, веќе набавката ќе биде за две години, а не за една година за да немаме вакви повремени недостатоци, подруго е кога има за две години набавка отколку секоја година.“ – Арбен Таравари министер за здравство.

Пред само неколку недели дел од инсулинските аптеки останаа без инсулин, заради тендерските процедури. Таравари тврди дека јавната набавка на инсулин е сега завршена, а за да не се повтори недостиг, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет одлучиле потребните количини инсулин да се набавуваат за две години.

Од Сојузот на дијабетичари порачаа дека набавката и достапноста на современи и квалитетни системи на инсулински пумпи за поголем број лица со дијабетес со тип 1, пред се мора да стане реалност, а не само бледи забелешки на хартија и дискусии во недоглед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска не гледа потреба од предвремени парламентарни избори
Следна Статија Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството

Новиот министер за здраство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен…

June 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три намирници кои имаат позитивен ефект врз функционирањето на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка, сместена на предниот дел од вратот, но нејзината улога во телото…

August 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но…

September 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови 65 случаи на грип во државава

Пријавени се 65 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, од 25 ноември до…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?