Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера
ПОЛИТИКА

Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

Објавено May 6, 2025 22:41
Сподели
Сподели

Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими.

Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.

Средбата претходно денеска ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами кој во изјава за медиумите рече дека заедно со Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими вечерва ќе имаат средба со премиерот.

– Како коалиција ВЛЕН ќе инсистираме до крај секој што соработува со ДУИ во овие околности кога таа партија е на црните листи и треба да даде отчет за корупцијата на нејзините високи функционери, не може да биде прифатлив. Вечерва имаме средба со премиерот на која веруваме дека ќе ги разјасниме овие околности. Повторно велам дека тоа не е прифатливо, а тоа го кажа и премиерот, дека не може да се соработува со опозициска партија, во овој случај со ДУИ и истовремено да се остане во Владата. Со премиерот треба да ја разјасниме оваа ситуација, став што досега сме го имале заеднички во однос на продолжувањето на останувањето во Владата, рече Касами.

Вчера, премиерот Мицкоски оствари средба и со лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците Арбен Таравари. Средбата заврши без епилог, но од Владата за медиумите соопштија дека поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Премиерот претходно вчера изјави дека Таравари има две опции да биде во Владата – за реформи и промени или да биде со оние кои две децении ја криминализираа државата. Таравари изјави дека нема договор со ДУИ, и дека кога ќе има, нема да претендира да биде повеќе дел од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма во Базел пред почетокот на Евровизија: Од сцена, натпреварувач завршил на итна операција
Следна Статија Индија го нападна Пакистан (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Орце ќе има тешка задача, но го познавам и знам каков работник е

Првата задача на Орце ќе биде да го исчисти главниот град од ѓубрето и депониите, рече на митингот во Скопје…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Лимани седна на иста маса со Ахмети, еве што му порача Касами

Министерот за социјала Фатмир Лимани, кој формално е дел од ВЛЕН, се појави на заедничка фотографија со лидерот на ДУИ…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пад од 135 илјади гласови

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?