Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Mилановиќ со порака: Немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување за членство во ЕУ

Објавено May 7, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање, а се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Оценувајќи ги како традиционално пријателски односите со Хрватска, за кои кажа дека во сите сфери одат напред, претседателката истакна дека никогаш нема да биде заборавено дека во 2020 година за време на хрватското претседателство во ЕУ го направивме чекорот заедно со Албанија.

-Тоа е знак на разбирање, знак на поддршка. Хрватска и покрај тоа што е членка на ЕУ има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан. Многу пати претседателот повторува дека сме географски, културно, историски дел од Европа. Во однос на нашето чекање за ЕУ повторувам дека верувам оти Копенхангенските критериуми се тие што ќе направат стандардна европска досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент, дека очекувам разбирање. Се разбира ние мора да ја тераме државната агенда, бидејќи легитиметот извира од граѓаните, мислам економски, културно, научно да се развиваме, нагласи Сиљановска Давкова.

Претседателката додаде дека земјава е многу напред во однос на хармонизирањето со акито и напомена дека нашите проблеми имаат поинаква природа.

-Нашите проблеми се од друга природа, нашите проблеми се врзани, што е многу чудно за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за кои не се разговара и преговара. Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхагеншките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи. 

Милановиќ, кој како што напомена е во прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата на претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека не е тука за, како што рече, да дели совети, но нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ.

-Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас…вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора
Следна Статија Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа

Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине. Ова му се…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Исвиркан градоначалникот на Кочани од страна на семејствата на жртвите од „Пулс“

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, синоќа се соочи со револтот на семејствата на загинатите во трагедијата во…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јас ќе ја донирам мојата плата за судиите и обвинителите – ама нека судат според закон

Коментирајќи за реформите во судството и обвинителството, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека не може да направи зголемување на плати на…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?