Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година
ЕКОНОМИЈА

Овошјето станува луксуз, еве за колку поскапело само за една година

Објавено May 8, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Македонија се соочува со повисоки цени. Проблем, недоволното домашно производство. И она што го имаме, нема кој да го работи. Па така, двоцифрени поскапувања во проценти кај овошјето и зеленчукот, пет проценти поскапа храна. Вака изгледа споредбата на цените на основните прехранбени продукти во април годинава со истиот месец лани, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Годишната инфлација бележи раст од 2,6 проценти а 2,7 проценти е вкупниот раст на цените на мало, пренесе Телма.

За една година сите прехранбени продукти бележат поскапувања освен маста и маслата кои се продаваат поевтино за 9 проценти. Она што го тврдеа граѓаните го потврди и статистика – цените на овошјето и зеленчукот бележат најголем скок.

Овошјето сега се продава за 26,5 проценти поскапо од лани, зеленчукот за 13 проценти, пет проценти е поскапа храната, 4,7 проценти рибата и морските плодови и 3,2 проценти млекото и млечните производи и јајцата. Цената на местото според статистика е поскапена за само еден процент.

Државниот завод за статистика измери 2,6 проценти годишна инфлација и поскапување од 2,7 проценти кај цените на мало. Кај трошоците за живот најголемо поскапување има кај рестораните и хотелите од 11,38 проценти, кај рекреација и култура – 6,84 проценти, кај алкохолните пијалаци, тутун и наркотици од 5,1 процент и кај здравствената заштита од 4 проценти.

Ако се споредат последните три месеци со истиот период лани може да се забележи дека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, бидејќи во февруари била 5 проценти, во март 2,73 проценти, а во април 2,64 проценти. Повеќе на Телма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Роналдо и третата сезона без титула – ги нападна своите соиграчи
Следна Статија Таравари: Не можеме да седиме на две столици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерот Величковски: Модерна монетарна рамка, адекватни девизни резерви и поевтини и побрзи плаќања како приоритети на Народната банка

„Народната банка продолжува со унапредување на оперативната поставеност на монетарната политика, заради поефикасен пренос на монетарните сигнали кон финансиските пазари…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

„Бристол“ и „Јадран“, две стари скопски адреси што одамна не функционираат како хотели, одат на продажба откако Собранието на акционери…

May 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Што велат економистите- Како ќе влијаат американските царини

Светската економија се најде на своевиден тобоган со несогледливи последици, откако САД воведоа царини кои што шокираа голем број земји…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?