Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра
ПОЛИТИКА

СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра

Објавено May 8, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски. Овој документ е полномошно со кое кумот на Димитриевски, Драган Митевски, му дава овластување на „Лидл“ да постапува за измена на ДУП-от. Односно, Лидл во име на Драган Митевски има право да иницира постапка за измена на ДУП во општина Куманово, истакна на прес-конференција Александар Јовановски, советник во Советот на општина Куманово.

Замислете, Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ. Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција?

Да биде скандалот поголем, при првото гласање н Советот на општината за измената на ДУП-от, кое подоцна е поништено, за ДУП-от и негова измена гласал и братот на Драган Митевски, Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ. Не се знае кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој случај, крајот не може да им се фати“.

Откако сфатиле, според Јонавонски, дека тоа не може да помине, на второто гласање Максим се договорил како што појасни со советниците на ДУИ и тие му го изласале ДУП-от.

Сè уште молчи Максим што тоа им е ветено на советниците од ДУИ. Му даваме уште еден ден, а потоа ќе го објавиме неговиот договор и за оваа работа. Но според нашите информации, скандалот не завршува тука. Денес ќе поставиме прашања и овој пат, наместо да се обидуваат да се правдаат со напади и контранапади, нека бидат доблесни да одговорат барем на едно прашање, затоа што работата е крајно сериозна, а граѓаните имаат право да знаат.

Прашуваме, дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со Лидл, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от“, прашуваат од СДСМ.

Според информации има такво нешто и бараат како што рече Јовановски итно и неодложно постапување на институциите на прогонот, ЈО и Антикорупциска.

Итно, потенцира тој, мора да се оформи предмет за овој, како што го нарече, повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски.

„Борецот за правда и лутиот ривал на ДУИ, Димитриевски, ниту е борец за правда, ниту се бори против ДУИ. Си ги сруши целосно клучните ветувања пред граѓаните. Се испостави дека го интересираат само пари и бизнис, и дека за да го реализира тоа, спремен е да прави договори со секој, па дури и со ДУИ, за која цела кампања зборуваше дека мора да оди во опозиција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект
Следна Статија Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Хајрулахи: Не може вечито да постои една Пржинска влада, општеството е созреано, веќе нема потреба од неа

Позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

Пленковиќ нѐ пофали: Македонската Влада напредува многу добро во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро –…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Шекеринска тврди дека не ургирала за возачот кој ја усмрти Фросина

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска преку објава на Фејсбук ги демантира наводите што изминатите денови беа пласирани во јавноста…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?