Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“
МАКЕДОНИЈА

СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Објавено May 9, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Куманово два дена живееше во страв кога во густо населената населба „Тоде Мендол“ популарна во градот како „Диво насеље“ се слушаа престрелки со различен интензитет. Населбата целосно беше изолирана од припадниците на безбедносните сили, жителите се евакуираа, хеликоптери надлетуваа. Граѓаните на Куманово, порачуваат никогаш да не се повтори „Диво насеље“, а исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
Следна Статија Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЕМАНТ: Адреналинскиот парк е изграден по највисоки европски стандарди, секоја година поминува ригорозна инспекција од производителот од Словенија

Компанијата која стопанисува со Адреналинскиот парк во Скопје, Адвентуре сиде ДОО Скопје излезе со демант во врска со веста објавена…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на Богородица попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца

Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук испрати порака дека „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените“. Секој почеток е…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?