Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Објавено May 9, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

„Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа, знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари“, појасни Андоновски.

Министерот додаде дека овие портали кои се нелегални, за краток период ќе бидат забранети.

„Овие 53 портали се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства, налогот го испративме до АЕК која што во најбрз можен рок, а најдоцна до 7 дена, треба да го препрати до телеком операторите коишто се во Македонија, а тие веднаш да постапат и да ги забранат“, додаде тој.

Андоновски исто така објасни дека ова е само прв налог за забрана на портали, бидејќи овие 53 се најкористените од нашите сограѓани и дека во следниот период ќе следат уште портали. Тој дополни дека проблемот е и во тоа што парите и информациите што ги предаваат граѓаните кон овие портали, немаме информација каде одат, а многу лесно може да се искористат на штета на граѓаните.

„Имаме група на приредувачи на игри на среќа, коишто потекнуваат од Македонија, но веб страниците се регистрирани на некои други домени, односно не се точка мк, туку точка нет, или точка ком и така натаму, знаеме дека се од Македонија и тука веќе имаме опасност затоа што тука може да се крадат средства. Не знаеме воопшто каде одат средствата на граѓаните, не знаеме каде одат нивните лични податоци коишто тие ги ставаат на тие портали. Затоа и ги таргетиравме најкористените портали, а веднаш во следниот период, кога ќе помине оваа прва фаза, подготвуваме втор налог и мислам дека во рок од еден месец, ќе стигнеме и до 160 портали“, заврши Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски политичар објави фотографија: Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин
Следна Статија Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Два нови балкански рисови фатени на камера на Шар Планина

Две нови единки балкански рис се регистрирани со видеонадзор во Националниот парк Шар Планина, со што вкупниот број на евидентирани…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово

Почесниот конзул кој што го префрлил Артан Груби на Косово, без разлика да свесно или несвесно за постапката што ја…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бендевска наместо Гаши ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и во Пелинце

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, потпретседателката…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?