Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година
СПОРТ

Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година

Објавено May 11, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор.

Според шпанските медиуми, раководството на клубот му понудило на Бразилецот нов договор, а тој се согласил да остане во најтрофејниот европски клуб. Двете страни ќе ги формализираат деталите од соработката по завршувањето на тековната сезона, а Винисиус ќе инкасира 100 милиони евра во текот на пет години, или 20 по сезона.

Ова практично значи дека со новиот договор, бразилскиот интернационалец ќе заработува пет милиони евра повеќе отколку што заработуваше според неговиот сегашен договор, кој истекува во 2027 година.

Медиумските извештаи покажуваат дека Винисиус ќе има клаузули во неговиот нов договор кои ќе му донесат значителни бонуси за освоени трофеи и постигнати голови.

Винисиус (24) е член на Реал Мадрид од 2018 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 314 натпревари и постигна 105 гола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
Следна Статија Panorama All Seasons Adventure домаќин на Krushevo MTB Challenge

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот,…

March 24, 2025
СПОРТ

(Видео) Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја

Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НБА лигата.…

January 11, 2025
СПОРТ

Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка (ВИДЕО)

Учесничката на турнирот во мечување Стефани Тарнер беше дисквалификувана од натпреварувањето бидејќи одби да се натпреварува против трансродна противничка, соопшти…

April 5, 2025
СПОРТ

Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската…

August 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?