Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници
СВЕТ

Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници

Објавено May 22, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Британската влада ќе воведе употреба на лекови за потиснување на сексуалниот нагон кај сексуални престапници со цел да се намали ризикот од повторен прекршок и да се намали притисокот врз затворскиот систем, изјави денеска министерката за правда Шабана Махмуд.

Таканаречената хемиска кастрација ќе се користи во 20 затвори во два региона на земјата.

„Од суштинско значење е овој пристап да се имплементира заедно со психолошки интервенции насочени кон други причини за извршување на овие злосторства“, рече таа.

Иако беше посочено дека хемиската кастрација нема да биде ефикасна за некои сексуални престапници, Махмуд рече дека истражувањата покажуваат дека таа може да го намали повторувањето на кривично дело до 60 проценти.

Таа мерка се користи во Германија и Данска на доброволна основа, а во Полска е задолжителна за некои сторители на прекршоци.

Препораката за воведување на хемиска кастрација е дел од обемна ревизија на британскиот затворски систем предводена од поранешниот министер за правда Дејвид Гоук.

Гоук бараше начини за намалување на повторувањето кривични дела со цел да се олесни работењето на затворскиот систем што е речиси полн.

Новата министерка, Махмуд, ја одобри програмата на Гоук за предвремено ослободување на криминалци од затвор.

Ревизијата на Гоук предвидуваше укинување на казни помали од една година, освен во исклучителни случаи, како што е семејното насилство, и тој побара итна депортација на странци осудени на помалку од три години затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена
Следна Статија Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илон Маск само во октомври дал 44 милиони долари за кампањата на Трамп

Милијардерот Илон Маск донираше вкупно 119 милиони долари за поддршка на кампањата на кандидатот на Републиканската партија за претседател на…

October 25, 2024
СВЕТ

Маск откри Американец роден во 2154 година: добил 41.000 долари социјална помош

Американското одделение за владина ефикасност (DOGE), на чело со милијардерот Илон Маск, откри неименувано лице родено во 2154 година, кое…

April 10, 2025
СВЕТ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „националната заштита и затоа мора да го…

December 23, 2025
СВЕТ

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?