Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Буџетот на М-НАВ оштетен за речиси 1,5 милиони денари: Кривична за екс директорот и раководителка на одделение за јавни набавки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Буџетот на М-НАВ оштетен за речиси 1,5 милиони денари: Кривична за екс директорот и раководителка на одделение за јавни набавки
ХРОНИКА

Буџетот на М-НАВ оштетен за речиси 1,5 милиони денари: Кривична за екс директорот и раководителка на одделение за јавни набавки

Објавено May 26, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор. Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари.

-Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Злоупотреба на службена положба и овластување член 353 став 2 од Кривичниот законик и против Б.А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Несовсено работење во службата член 353-в став 2 од Кривичниот законик, велат од Управата за финансика полиција.

Првопријавениот В.К. ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една, и тоа набавка за изработка на целосно оперативно решение за управување со документи, односно набавка на софтверско решение, со набавка на физичко и електронско архивирање на документи.

-Тој искористувајќи ја својата службена положба, во текот на 2022 година, спротивно на член 89 од Законот за јавни набавки, изработил технички спецификации и тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови за квалитативен избор за Јавна набавка за обезбедување и имплементација на целосно оперативно решение за управување со документи со број на оглас 12253/2022, во кои вметнал услови и критериуми кои доминантно се однесуваат на физичко архивирање на документите и немаат никаква врска со изработка на целосно оперативно решение за управување со документи односно набавка на софтверско решение, што е спротивно на начелото на сразмерност од член 8 и начелото на конкуренција од член 5 од Законот за јавната набавка, велат од Финансиската полиција.

Второпријавената Б. А. како единствено лице кое поседува овластување за водење постапки за јавни набавки, додаваат од Управата за финасиака полиција, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапувала во вршење на своите овластувања и должности на начин што иако, како што нагласуваат, била свесна дека така подготвената тендерска документација и техничка спецификација е изготвена спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот систем за јавни набавки со што овозможила нејзино спроведување.

-Со така дефинираните дискриминирачки и несразмерни критериуми за квалитативен избор, намалувајќи ја конкуренцијата, пријавените го оштетиле Буџетот на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари, за кој износ му овозможиле да оствари корист на правното лице Друштво за скенирање, обработка и складирање на документи Контего ДОО Скопје, со кое е склучен договор, појаснуваат од Управата за финансика полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гудуриќ херој, Фенербахче ја освои Евролигата
Следна Статија Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР со детали за кривичната пријава против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип сториле кривично дело…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Откорнат лим од зграда во изградба во центарот на Скопје утрово повреди велосипедист

Шеесет и четиригодишен велосипедист е повреден откако врз него паднал лим од заштитна ограда на градилиште во центарот на Скопје.…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново

По синоќешнота престрелка во скопско Арачиново, каде беше усмртен 50-годишниот С.А., а повреден е неговиот 19-годишен син А.А., од МВР…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?