Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

Објавено May 27, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Велес, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на пораките кои високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност ги упати за време на посетата на Скопје, во врска со механизмите кои ги има на располагање Брисел за деблокирање на евроинтеграциите на државата.

-Единствената работа, која можам да ја кажам во оваа фаза всушност е само да го повторам тоа што високата претставничка на ЕУ, Каја Калас го кажа, а тоа е дека Македонија и нејзината иднина припаѓаат во ЕУ и сите ние работиме напорно со цел да може да се постигне таа цел, за да може да се деблокира ситуацијата, изјави Калас.

Рокас не сакаше да ја коментира изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на тоа дека Австрија е подготвена на разговори со нас за изнаоѓање креативно решение со Бугарија. Претседателката во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ истакна дека министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер би сакала разговорите за решавањето на овој спор да се случат во Виена.

-Не би сакал да коментирам што изјавила претседателката, ниту претставници на држави-членки. Во овој момент единствената работа, која можам да ја кажам е дека има голем број дипломатски активности и голем број посети и се што ќе произлезе од нив е добредојдено за нас, истакна Рокас.

Евроамбасадорот во однос на Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, меѓу земјава и Велика Британија, истакна дека не е на него да коментира договори на државата со трети страни, а за состојбата со миграцијата на Балканот, истакна дека земјава има исклучителна соработка со ЕУ на тоа поле.

-Што се однесува до мигрантите тоа е големо прашање за целата ЕУ. Јас можам да кажам дека има одлична соработка меѓу ЕУ и Македонија, тука е и Фронтекс, кој го давата првиот аларм, во случај на секоја миграција. Што се однесува на Велика Британија, ЕУ исто така потпиша договор за стратешко партнерство во исто време, кога се потпиша и вашиот и очигледно е дека Велика Британија е добар партнер на ЕУ и каков било договор меѓу Македонија и Велика Британија е исто така добар за вас, изјави Рокас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“
Следна Статија Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ако има пропусти ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?