Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
ХРОНИКА

Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“

Објавено May 28, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Член на организираната криминална група „Беланоца- Барон“, за која вчера Обвинителство поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и седум убиства, нарачал убиство со цел да се приближи кон радикално исламистичко движење, а мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала и всушност ги предал избеганите во Косово Африм Исмаиловиќ и Алил Демири на институциите во предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во април 2012 година. 

Нарачателот е првообвинетиот од групата, а еден од сторителите е во бегство, а другиот во затвор. 

Како што посочија на брифингот во ОЈО ГОКК, од пресретната комуникација за овој предмет не е утврдено со точност и не може да се утврди дали тоа е вистина.

Од Обвинителство вчера информираа дека во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

– Според прибраните докази дел од обвинетите се поврзани со убиството на Ибраим Ајдини во август 2020 година: првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале, соопшти ОЈО ГОКК. 

За слуачајот „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Хаки Азири беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Првостепената пресуда, Апелација во септември 2022 година ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

Обвинителството, како што информираше претходно на брифинг со медиумите, предметот „Бункер“ е работен повеќе од една година и станува збор за исклучитело сериозна криминална група со сериозна структура и злосторничко здружување кои преку своите активности и дејствување го загрозиле животот на луѓето. Од обвинителството, посочуваат дека ова е една од посериозните криминални групи против кои е постапувано досега и се поврзани со веќе познатите криминални групи.

Во предметот „Бункер“ има две подгрупи, од кои едната за четири убиства, од кои две двојни. Мотивите се различни, но сите се по нарачка од ниски побуди (20 илјади евра за убиство од одмазда за лична навреда – пцовка), одмазда (250 илјади евра за двојно убиство како одмазда за претходни убиства), борба за превласт и со загрозување на голем дел луѓе. Најстарото убиство е од 2014 година, а најзвучни се убиствата во „Шиша бар“ во скопската чаршија и убиството во Ханиоти, во соседна Грција. 

Втората подгрупа има посебни три убиства, за кои нарачаател е лице од затвор. Едно е двојно убиство, за кое двајца се во бегство. Оваа група, како што беше посочено на брифингот, првично се раководи од изнуди и палење на објекти, како начин да се прикаже сериозноста на заканите. Има и палења на возила, кои се нарачани од затвор, а ги извршуваат млади лица од надвор, за мали пари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Бугарија од 1. јануари 2026 година почнува да го користи еврото
Следна Статија Јамал останува во Барселона до 2031 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил…

November 7, 2025
ХРОНИКА

Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички и едно правно лице во…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал

Денеска во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации

Министерството за внатрешни работи во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?