Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Објавено May 29, 2025 14:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања испрати недвосмислена порака до официјална Софија – без вклучување на македонски претставник во бугарскиот Комитет за малцинства, нема да има уставни измени во Македонија.

– Не знам дали сте знаеле, ама во Бугарија има Комитет за малцинства во кој членуваат претставници на Роми, Турци, Ерменци. А ние Македонците, кои имаме 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер – порача Мицкоски.

Во врска со уставните измени, Мицкоски истакна дека обврската за нивното спроведување ја презела претходната влада со прифаќањето на Францускиот предлог.

Тој рече дека актуелната влада изработува стратегија како да го надмине овој предизвик, но без да се отвораат нови барања и отстапки.

– Кога го имате овој факт, седнувате како влада и правите стратегија. Гледате што добиваат граѓаните и државата. А кога министерот за надворешни работи на источниот сосед ќе каже дека ова е само почеток, а не крај на барањата – тогаш е јасно дека мора да се размислува државнички – изјави премиерот.

Во контекст на односите со Европската Унија, Мицкоски го најави извештајот на европскиот известувач за Македонија, кој вклучува признавање на засебен македонски идентитет и јазик.

Тој го оцени ова како историски момент, бидејќи за првпат Европскиот парламент ќе гласа за таков документ, и ги повика пратениците од опозицијата да лобираат кај нивните европски колеги за негово усвојување.

Сепак, премиерот предупреди дека и покрај поддршката од некои европратеници, реакциите од бугарска страна и поднесените амандмани не влеваат оптимизам.

– Ќе видиме дали европратениците од Бугарија ќе се однесуваат проевропски, или како што досега покажуваат – како од Средниот век – изјави Мицкоски.

Гласањето по извештајот во Европскиот парламент се очекува во јули, а во меѓувреме, според Мицкоски, Владата останува цврсто на позицијата – нема уставни измени без реципроцитет од Бугарија и без јасно видлива промена на нејзиниот однос кон македонското малцинство.

View this post on Instagram

A post shared by Hristijan Mickoski (@hristijan_mickoski)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезнатиот Миле Тодоров е виден со подолга коса и брада и доста ослабен на планината Серта, семејството апелира за помош
Следна Статија Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република …

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација)…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?