Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија

Објавено June 4, 2025 11:15
Сподели
Сподели

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни.

Во текстот се споменува важноста од зачувување на динамиката и доверливоста на процесот на европска интеграција и се истакнува дека нашата земја продолжува да покажува посветеност кон евроинтеграцијата и усогласување со политиките на ЕУ.

Во документот се наведува дека демократските институции во државата функционираат “задоволително”, но дека политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи. Се апелира на засилување на напорите за унапредување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и унапредувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

На основниот предложен текст на Извештајот, кој беше објавен на 18 март, беа доставени вкупно 313 измени, од кои повеќето дополнително објаснуваат или надополнуваат одредени делови од текстот, но има и такви кои воведуваат нови содржини или оценки.

Посебно внимание привлекоа измените кои го нагласуваат македонскиот јазик и идентитет.

Вајц и претседавачот на АФЕТ, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер, предлагаат измени за вметнување нова Точка Д-а со идентична содржина: “Со оглед на тоа што ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет”.

Холандскиот европратеник Тајс Ројтен, исто така, предлага додавање на алинеја 19а во Извештајот, која би гласела “Имајќи го предвид постојаното признавање на македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ”.

Ројтен предлага уште една измена и тоа на Членот 2 за негово дополнување со текстот “со целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет”, додека Вајц предлага надополнување на истиот член со зборовите “и целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет”.

Европратениците Ден Барна, Урмас Пает и Петрас Ауштревичиус заеднички предлагаат измена на Членот 2 со кој се бара вметнување на текстот “и притоа целосно признавајќи ги македонскиот идентитет и јазик”.

Хрватските европратеници Карло Реслер и Давор Иво Стиер предлагаат нов Член 2б кој би гласел: “Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на земјата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјата и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Украден“ францускиот претседател Емануел Макрон
Следна Статија Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата задолжи институции веднаш да отпочнат со вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот, но не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

По децениски застој се гради Универзалната сала

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?