Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка
ХРОНИКА

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Објавено June 4, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите на детето од Кавадарци, кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники. 

– Во понеделникот сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете,  рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. 

Како што соопшти полицијата, во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3:00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8:45 часот била констатирана смрт. 

МИА се обиде да добие и официјални изјави од медицински лица во врска со овој случај. Засега, ниту една од контактираните страни не одговори на нашите повици и вибер пораки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски сега сака да се сретне со Путин
Следна Статија Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

СЕ ПОДГОТВУВАЛЕ ЗА ТРКА: Кумановец со автомобил удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на младинските европски олимписки игри

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско,…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Син си ги натепал родителите, обвинителство со предлог – лицето од Петровец да оди во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Девојка со посебни потреби нападната во хотел, насилникот приведен

На 19.08.2025 во 12:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ц.(36) од Тетово, постапувајќи…

August 20, 2025
ХРОНИКА

МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

Осомничениот за убиството на 22-годишниот турски државјанин Ахмет Мерт Доган пред угостителски објект во Старата скопска чаршија за време на…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?