Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
СПОРТ

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Објавено June 5, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со 2:1. Роналдо го постигна голот за победа, но играч на мечот беше Франсиско Консеисао.

Португалија по 25 години и пет порази во низа успеа да ја победи Германија. На ЕП во 2000 година Португалците славеа над Германија со 3:0 со хет-трикот на Серџо Консеисао, а неговиот син Франциско го иницираше пресвртот за победа.

Германците поведоа на стадионот во Минхен со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц во 48-та минута. Португалците ја загубија топката во својата половина, а по елегантниот центаршут на капитенот Кимих, Вирц со глава ја испрати топката во мрежата.

Сепак, 15 минути подоцна, Португалија израмни со прекрасен гол на резервистот Франсиско Консеис. Фудбалерот на Јувентус, само пет минути по влегувањето во игра, изведе одлична соло акција и со удар од околу 20 метри го совлада тер Штеген.

Пет минути подоцна Португалците го комплетираа пресвртот. Додавањето на Бруно кон Нуно Мендеш ја „пресече“ германската одбрана, левиот бек по земја го проигра Роналдо кој ја испрати топката во празната мрежа.

Роналдо, постигна гол за својата репрезентација по 137-ми пат. Германија не успеа да се пласира во финалето на Лигата на нации ниту во четвртиот обид, додека Португалија ќе има можност да стане првата екипа со два трофеи во ова натпреварување.

Нивниот противник во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Шпанија и Франција, кој ќе се игра во петок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
Следна Статија Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Mу рекле дека никогаш нема да стане фудбалер оти е пренизок, а сега ја однесе Германија во втората фаза (ФОТО)

Со два гола во драматичната победа на Германија од 2:1 над Брегот на Слоновата Коска, Дениз Ундав стана херој за…

June 22, 2026
СПОРТ

„BMW“ им подари нови автомобили на играчите на Реал Мадрид: Многумина го избраа истиот модел

Во четвртата сезона од партнерството помеѓу шпанскиот клуб и германскиот производител на автомобили, играчите ќе користат најширок спектар на возила…

October 18, 2025
СПОРТ

„Барселона врши мобинг врз Тер Штеген“

Барселона вчера објави дека му ја одзема капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген поради дисциплинска постапка што клубот ја…

August 8, 2025
СПОРТ

Kaква луда игра, вели Кејн

Репрезентацијата на Англија избори осминафинале на Светското првенство со двата гола на Хари Кејн во финишот на дуелот. Кејн е…

July 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?