Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција

Објавено June 12, 2025 18:04
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството меѓу Македонија и Франција и ја потенцира можноста за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка и поддршка во делот на реализација на иnфраструктурните проекти.

Притоа, вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Ле Риголер со развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, посебно проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

Исто така на средбата се разговараше и за реформскиот процес на земјата, интеграциите и членството во Европската Унија. Македонија е фокусирна на интегративниот процес, потенцира вицепремиерот Николоски а владините политики се насочени кон реформирање на земјата и борбата против корупцијата.

Двајцата говорници се согласија на интензивирање на меѓусебната соработка на двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна
Следна Статија Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судски совет во петок ќе избира нов претседател

Судскиот совет ќе одржи седница на ден 3 јануари, петок, на која ќе се избира претседател на Советот. Седницата е…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?