Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
МАКЕДОНИЈА

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Објавено June 13, 2025 13:55
Сподели
Сподели

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии. Исто така и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити.

Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на Програмата Стипендиум Хунгарикум за периодот 2026–2028 година денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто.

Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните трошоци.

Министрите Јаневска и Сијарто се согласија дека потпишувањето на Меморандумот ги потврдува и јакне пријателските односи меѓу двете земји и ја унапредува соработката во областа на високото образование, во интерес на развој на општество базирано на знаење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мосад изградил база за дронови среде Иран од каде нападна (ВИДЕО)
Следна Статија Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот Даме Груев во беровско Русиново

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Двајца пензионирани пилоти ќе ги летаат „ер тракторите“ во случај на пожари летово

Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска

Зајакнувањето на Украина, општата состојба со сигурноста во Европа и перспективите за посилен и побезбеден европски континент во тековната геополитичка…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?