Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
ЕКОНОМИЈА

Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Објавено June 17, 2025 15:21
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Македонија, Масимилијано Паолучи.

На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.

Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.

Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Следна Статија Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави инвестиција од една милијарда евра- со неа ќе се намали загадувањето на воздухот

Единствен начин за да делуваме на намалување на загадувањето на воздухот веднаш е во оние средини каде се користат дрвата…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се…

July 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1 проценти во однос на јули лани, а за три проценти во…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Горивата со пониски цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?