Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лажна банкарка во Хрватска измамила повеќе лица и им украла над 1,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Лажна банкарка во Хрватска измамила повеќе лица и им украла над 1,5 милиони евра
БАЛКАН

Лажна банкарка во Хрватска измамила повеќе лица и им украла над 1,5 милиони евра

Објавено June 18, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Полицијата во Меѓимурје во Хрватска по барање на надлежното државно обвинителство покрена кривична истрага против 51-годишна жена поради сомнение дека сторила повеќе кривични дела измама и фалсификување исправи. Претставувајќи се како висок службеник во банка, 51-годишна жена измамила повеќе лица за над 1,5 милиони евра договарајќи лажни повластени заштеди, соопшти полицијата на Меѓумурје.

Таа се товари дека од јануари 2013 година до април 2024 година, во својство на вработена или поранешна вработена во банката, лажно се претставувала пред оштетените како високопозиционирана службеничка за да прибави значителна материјална корист за себе. Осомничената им понудила на оштетените можност за договарање на повластени орочени заштеди на парични средства со високи каматни стапки. Некои од оштетените и предале парични средства во готовина, а други по препорака на осомничената подигнале ненаменски кредити од банката.

51-годишната жена не ги уплатила предадените пари во трезорот на банката, туку ги задржала за себе и ги искористила за да отплати свои долгови кон други луѓе и претходно преземените обврски кон други лица, открила полицијата.

За да ги убеди оштетените во законитоста на понудата, односно дека нивните пари се депонирани во банка, таа им дала лажни договори за штедење на определено време, делумно ги отплатила месечните рати од кредитот и плаќала камата.

На овој начин, таа оштетила неколку десетици луѓе од подрачјата на Вараждин, Лика-Сењ, Дубровник-Неретва и Загрепски жупании, како и градот Загреб, за вкупно над 1,5 милиони евра.

Против 51-годишната осомничена ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рамос му откина два планирани бода на Интер! (ВИДЕО)
Следна Статија Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарија гласа на седми предвремени избори во последните четири години

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за седмите предвремени избори во последните четири години, додека ривалските политички партии во земјата…

October 27, 2024
БАЛКАН

Македонскиот јазик е 90% бугарски, коментира грчки европратеник

Грчкиот европратеник од редовите на партијата Нова демократија, Емануил Кефалојанис, на седница на Европскиот парламент рече дека македонскиот јазик е…

December 4, 2024
БАЛКАН

Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

Поранешниот амбасадор на САД во Белград, Вилијам Монтгомери, предупредува дека Балканот „станува потенцијално насилен и нестабилен“, со жаришта што може…

October 11, 2025
БАЛКАН

Обвинителството во Србија поднесе обвинение за падот на настрешницата

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт за пропустите кои доведоа до уривае на настрешницата во Нови Сад. Обвинителниот…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?