Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

Објавено June 22, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно, рече премиерот Мицкоски на денешното пуштање во употреба на реконструираниот пат Понов мост-Богданци.

-И кога на сето тоа ќе ги додадеме и сите овие проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а коишто надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост и сега имаме навистина тука еден би рекол исклучително чуден случај, пример како сакате да го наречеме дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднашка да го совлада и да го изработи. На сметка на ова ќе имаме еден состанок во Стопанската комора во петок заедно со господата позади мене и со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде што ќе разговараме да направиме еден план една динамика, затоа што ние сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта за коишто претходно зборував, рече премиерот.

Мицкоски порача дела разликата е тоа што досега имаше до пред една година еден принцип како до сега кога Македонија се крадеше, сега во изминативе година дена има поинаков принцип, а тоа е дека Македонија се гради и Македонија ќе продолжи да се гради.

-Јас уште еднаш ќе им се заблагодарам и на Коце Трајановски и на Александар Николоски, и на вработените во министерството и на вработените во јавното претпријатие. Исто така би сакал да искажам голема благодарност до пратениците во македонското Собрание коишто доаѓаат од овој дел на југоисточна Македонија коишто жестоко се борат за проект повеќе да биде тука сработен во овој дел од државата и тоа прилично успешно го прават. Благодарам на граѓаните бидејќи тие се нашата инспирација и убеден сум дека во периодот коишто следи заедно ќе направиме уште илјадници нови проекти, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата
Следна Статија Алиу: Го олеснуваме пристапот на пациентите до Клинички – обезбедивме 300 нови паркинг места за вработените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11:15 часот пристигнати се…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор.…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?