Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години
МАКЕДОНИЈА

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Објавено June 23, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема. Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра бидејќи луѓето кои работат во противпожараните единици многу често ги жртвуваат своите животи, своето здравје обидувајќи се да не спасат сите нас, порача извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Душица Перишиќ на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар и претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“, што денеска се одржува во Стопанската комора.

Перишиќ информира дека како асоцијација се занимаваат со сите надлежности на општините, како и со пожарникарството.

„Во 2005 година, кога почна процесот на децентрализација и противпожарните единици, кои до тогаш беа во МВР, поминаа на општините и пренесени се сите согласно закон. Дополнително, пред пред пет години се додадени уште четири општини и во моментов имаме 34 единици за противпожарна заштита што се наоѓаат во 34 општини, но ги покриват сите 80 општини, вклучително и Град Скопје, како 81 посебна единица на локална самоуправа“, подвлече Перишиќ.

Таа се наврати на големите трагедија во Кочани и истакна дека првите, најодговорните, кои постапија на време и спасија ситуација да не се случи да има многу поголема несреќа биле протвпожарните единици на Кочани и на околните општини, кои веднаш помогнале. Перишиќ истакна дека од 2005 година или веќе 20 години има големи проблеми во противпожарните единици.

„Прва и основна работа е што таа надлежност се финансира со блок дотација од централната власт. Во моментов има помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Тоа е првата и најголемата болка која ја имаме во општините. Втората е што во државава не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари, кои би биле соодветно обучени за да почнат да работат“, рече Перишиќ.

Извршната директорка на ЗЕЛС како трет проблем ги наведе возилата. – Мора да видите каква разноликост постои во нашите противпожарни единици кои имаат возила од 40-та, 50-та години, нешто што останало од стариот систем, кои ги поправаат и се трудат да направат со нив што поуспешна работа. Разни донаторски организации и амбасади се обидуваат да ни помогнат, кои ни даваат возила и опрема кои се со различен метрички систем. Четврата работа е опремата за пожарникари. Секоја општина се обидува да се снајде на свој начин, да им обезбеди нови чизми, пожарникарски одела и се што ќе им треба за нивните акции. Имаме многу лошо опремени пожарникари, изјави Перишиќ. Додаде дека сети ова го увиделе странските амбасади и донаторските организации и имале средба, на која учествувал и ЗЕЛС. Малку е срамно, како што рече, дека некој ќе дојде од страна и ќе ни помогне, нагласувајќи дека во земјава имаме средства и капацитети сами да го организираме тоа. Таа информира дека ЗЕЛС испратил до сите 34 општини кои имаат свои противпожрани единици прашања за тоа што им недостига, а следниот состанок за координација е во септември.

Според неа, и централната власт треба да се погрижи за делот кој нив им припаѓа – Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Конференцијата почна со едноминутно молчење во чест на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
Следна Статија Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен од обезбедувањето на дискотеката во Кочани

Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за сите што не можев да ги спасам, рече…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се слави Свети Стефан, еве кои обичаи треба да се направат денеска

Денеска е третиот ден од Христовото раѓање – Божиќ, а на овој ден православните Христијани го празнуваат Свети архиѓакон и…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?