Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените

Објавено June 23, 2025 21:45
Сподели
Сподели

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Мицкоски истакна дека очекува максимална посветеност во исполнување на програмата и преку 400 проекти, мерки, чекори, реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата,….

По години на празни ветувања и пермaнетна политичка криза во државата, разочарувања и уништени ветувања, укажа премиерот, не почнавме од нула, почнавме од минус – од рушевини, кои ги оставија зад себе.

Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верб, но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото. Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на нова ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее. Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е победа. Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро, рече премиерот.

Мицкоски истакна дека оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.

Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби.

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од три пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5-та па и 6-та брзина. И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во даночната политика и справување со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила… проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме, наведе Мицкоски.

Тој оцени дека оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.

Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.

Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт
Следна Статија Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: По изборот на јавен обвинител, голем број предмети ќе влезат во процедура, а јавноста ќе види кој ја води опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавен обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште, заедно со локалната самоуправа насочени сме кон завршување на проектите во Битола

Годинава го изгласавме досега историски најголемиот буџет од 2 милијарди 760 милиони денари вкупниот буџет или оперативниот дел е 1…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ

Maкедонија и Црна Гора се неприкосновени лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ, покажа најновиот извештај на Брисел. Европската…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд

Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, беа презентирани денеска во касарната „Илинден” во Скопје, набавена за…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?