Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И водата во Василево не е безбедна за користење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И водата во Василево не е безбедна за користење
МАКЕДОНИЈА

И водата во Василево не е безбедна за користење

Објавено October 8, 2024 09:45
Сподели
Сподели

Ниту жителите од Општина Василево, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод. Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информирало жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.


„Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“, информираат од Општината на својата официјална фејсбук-страница.

Оттаму додаваат оти подолг период се преземаат мерки за обезбедување пивка вода за населението. Посочуваат оти на располагање се обезбедени диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката, како и канистри со вода за пиење на населението. Од денеска, пак, како што посочуваат, во функција ќе биде ставена и цистерна за вода обезбедена со помош на Општина Радовиш.

„Општина Василево изминатиот период направи сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, ја променивме кварцната песок, која претходно никогаш не беше променета од 2006 година,односно од изградбата на самата филтер станица. Исто така, променета е и целата електроника“,посочуваат општинските власти.

Поради зголемено присуство на манган и неможност за преработка во филтер-станицата, водата во Општина Струмица, која доаѓа од браната „Турија“, веќе единаесетти ден по ред не е безбедна за пиење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 30.000 евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Касами: Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски до СДСМ: Ви пречат резултатите од моето работење, оставка не давам!

Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“,…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

УПОЗ: Јавнообвинителската служба на работ на колапс

Синдикалната организација на Јавните обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавно-обвинителската служба е на работ на целосен колапс поради…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Г.г. Стефан од Рим: Делото на Кирил и Методиј и денес живее меѓу нас

Во рамки на чествувањата по повод Денот на сесловенските просветители, во Рим беше оддадено почитување на делото на светите браќа…

May 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?