Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата
ПОЛИТИКА

ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата

Објавено June 29, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи особено на фактот дека Албанците сочинуваат 29.5% од вкупната популација, велат од ДУИ преку партиско соопштение.

Тој тогаш вети дека, штом ќе дојде на власт, ќе организира „електронски попис“ за да ги „коригира“ резултатите.

Ова не е изолиран случај, туку дел од серија националистички ветувања собрани под слоганот „да им се покаже местото на Албанците“.

Затоа не нè изненадуваат чекорите на овој сегмент на власта, ниту пак институциите кои успеаја да ги заробат, како што се Уставниот суд, Јавното обвинителство и други.

Секоја од овие институции активно работи на спроведувањето на изборната програма на ВМРО и на ветувањата на Мицкоски: преку укинување на Балансерот, уривање на механизмите за заштита од мајоризација, отстранување на албанскиот јазик од институциите, како и исклучување на Албанците од повисоките позиции во администрацијата, безбедносните служби, одбраната итн.

Но, она што е навистина потресно е што остатоците од ВЛЕН во оваа влада, преку шокантна подршка, ја легитимираат и практично ја потврдуваат оваа политика на власта.

Уценети и заробени, тие создаваат лажна слика дека владата е мултиетничка и дека во неа некој ги штити интересите на Албанците“, се вели во соопштението на ДУИ.

Во соопштението се додава дека Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта, без оглед на тоа што во таа операција активно учествуваат и Албанци од ВЛЕН.

Овие обиди нема да поминат. За тоа ги уверуваме и Албанците, но и тие што стојат зад овие опасни обиди за иднината на државата“, велат од ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возеле пијани во Делчево и Кавадарци, па полицијата ги уапсила
Следна Статија ВРЕДИ: ДУИ молчи за тоа со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот во 2021 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Денеска повторени избори во 4 општини во Македонија, право на глас имаат 128.286 граѓани

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денес се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес

Техничката влада е последната линија на одбрана од целосно заробување на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес…

January 9, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски прашува: Зошто за нас ставањето на Бугарите во Устав е услов за ЕУ, а за Албанија не е?

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?