Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ

Објавено July 8, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.

-Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите… Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата, потенцира Сиљановска Давкова.

Претаедателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого, потребни се реформи внатре во ЕУ.

-Мислам дека неговата изјава не е случајна и дека има врска и со феноменот вето, и со опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата во време кога проширувањето на ЕУ во смисла на тоа дека ќе зборуваме еден ден за синоним или за еднаквост меѓу ЕУ и Европа, бидејќи ние географски, историски, културно сме биле отсекогаш дел од Европа и во време на опасност, мултилатерализмот да биде под притисок на мултиполаризацијата денеска во светот, важно е за да биде ЕУ односно Европа компететивен играч на плуралната светска политичка сцена и да ги вклучи сите држави кои географски, историски и културно припаѓаат кон неа. Зошто, бидјеќи денеска прашањето на евроинтеграцијата е прашање на стабилност и безбедност, рече претседателката.

Таа посочи дека е изненадена од одговорот на бугарската Влада на забелешките во пглед на состојбите во Бугарија врзани за малцинствата.

-Еве што адресирала до Советот на Европа. Вели дека во резимето од пописот 2021 година, 1.143 лица се самоидентификувале како етнички Македонци, 3.540 изјавиле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 1.091 лице, пријавило дека дома зборува македонски јазик. И еве што пишува Владата – вели дека „овозможува доброволен процес на самоидентификација“. Еве јас ги упатувам меѓународните субјекти да се вратат назад во пописите во Бугарија, бидејќи некој феноменални промени никогаш не се случуваат никаде. Па да го видат и пописот од ’56, и пописот од ’46, ама интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека овие лица кои се претставуваат како Македонци, се мала група, и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот? За колкав број? Еве јас прашувам, посочи претседателката Сиљановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Голем број европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот
Следна Статија Пелети полиени со бензин укажуваат дека пожарот кај Блаце е подметнат, нема изгорени куќи во Чучер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давков денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре претпладне врнежи од дожд и снег

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?