Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар. Пожарот избувна во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево.
Се задушил од чад по 24-часовна борба со огнот
Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места. Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.