Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра
ПОЛИТИКА

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Објавено July 19, 2025 12:09
Сподели
Сподели

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година, велат од СДСМ.

Е ова се резултатите од работењето на „Дрим тимот“ во енергетиката на Мицковски и Божиновска.

Ова е реалноста, а не нивните манипулации, и лажни вести пред своите членови на партиските трибини, за да си ги оправдаат неспособните кадри кои ги поставија.

Ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, која замислете првпат во историјата во првиот квартал потфрли во својот план за производство за цели 35%, во бројки видовме дека загубата е цели 45 милиони евра.

Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија.

Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година.

Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божиновска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа.

Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, “Македонија со јасна енергетска визија” а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал.

Очигледно од досега сработеното е следното, Визијата е да се пропадне ЕСМ најмногу што може. Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава.

Им порачуваме на актерите кои глумат директори во ЕСМ, дека народот не го интересираат вашите смешни соопштенија, изговори и фалби колку сте биле добри, туку резултатите кои никогаш нема да ги остварите бидејќи сте неспособни“, пишува во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година
Следна Статија 6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

Со скандирање за УЧК, ДУИ ја почна кампањата

Со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео бимот одеше видео на кое се гледаат инсерти од војната во 2001 година…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Успеа да ги обедини и двете страни: Најпосакуваниот кандидат на СДСМ за градоначалник Ралев го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначланик на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски објави дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?