Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев
СПОРТ

Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев

Објавено July 22, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Брајан Мбеумо ги заврши сите формалности и официјално стана член на Манчестер јунајтед.

Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, а Јунајтед мораше да му плати на Брентфорд 65 милиони фунти за негова отштета.

25-годишникот потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед со опција за продолжување за уште една година.

Клубот од „Олд Трафорд“ успеа да го доведе камерунскиот репрезентативец од трет обид ова лето, откако ја зголеми понудата. Сепак, самиот фудбалер немаше дилема кога слушна дека познатиот клуб е заинтересиран за него.

„Штом слушнав дека има шанса да играм со Манчестер јунајтед, веднаш реков дека ќе ја ја искористам. Тоа е клубот чиј дрес го носев како момче и за кој навивав“, рече Мбеумо.

Брајан Мбеумо е третото засилување на Манчестер јунајтед ова лето по доаѓањето на Матеуш Куња и Диего Леон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски државјанин се удави во Драч
Следна Статија Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пикси предлага хуманитарен пријателски натпревар со Србија за семејствата на загинатите во Kочани

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ денеска покажа почит и изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во…

March 17, 2025
СПОРТ

ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантираше наводите изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу, поврзани со натпреварите Вардар…

February 22, 2026
СПОРТ

Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва…

December 22, 2024
СПОРТ

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ , Едуард Кокшаров, почина во…

March 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?