Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми
МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми

Објавено July 24, 2025 14:58
Сподели
Сподели

Многу малку време имав со мојот татко. Односот татко – ќерка ни беше скратен, ама ги познавав неговата душа, ставови, идеали со кои се гордеам безусловно. Вака го започнува разговорот со дописничката на МИА, ќерката на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, 86-годишната Марија Јакимоска на денешната 68-ма годишнина од неговата смрт.

Јакимоска се заблагодари на поканата на локалните власти, прва по многу години да биде дел од одбележувањето на неговата смрт пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп. Годините ја намалиле физичката активност, но не влијаат на јасните сеќавања, ниту на жалта што не поминала подолго со својот татко.

– Уште од моето раѓање (1939 година), а и пред тоа, татко ми бил по затвори. Војната (1940) го затекнала во интернација во Баина Башта. Од пријатели двапати бил спасен од смрт. Кога си дојде, Бугарите го затворија, беше трипати интерниран. Потоа отиде партизан. Ова често се случуваше до моите пет години. Болката ми е најголема до-ден-денес што не ми било дозволено да израснам покрај толку голем човек, раскажува за МИА ќерката на Ченто, Марија.

Дури кога Марија наполнила пет години, се собрале, за првпат, како семејство. Во Скопје. Ама, тогаш Методија Андонов Ченто бил Претседател (на првиот президиум на АСНОМ).

– Тогаш татко ми беше по цел ден на работа. Живеевме во стан, не сакаше никакви поволности. Кога дојде личниот шофер, татко ми му рече – „Не ми треба. Собранието е на неколку чекори. Не треба ниту војник да стои пред врата. Ако мене народот не ме сака, нема потреба некој да ме брани“. Татко ми беше чесен, правичен, се сеќава Марија.

Ќерката на Методија Андонов Ченто со тага се навраќа на времето кога првиот претседател на президиумот на АСНОМ си дал оставка на функцијата.

– Дома не зборуваше ништо за тоа. Ама паметам дека сето беше поради неговата идеја, неговите заложби. Беше и кај Тито (Јосип Броз Тито), ама тогаш беа други политички комбинаторики. Југославија да ја задржи Истра. Татко ми цел живот се бореше само за Македонија. Немаше друга партија. Кога си даде оставка, јас бев второ одделение. Само рече дека ќе се вратиме во Прилеп, пак ќе го отвори трговскиот дуќан. По четири месеци откако се вративме (1946), го затворија. Ние цел месец не знаевме каде е, раскажува за МИА ќерката на Ченто.

Оттогаш почнала семејната голгота и уште посилните премрежја за Методија Андонов Ченто. Ќерката Марија својата „слободна“ средба со татко си ја имала дури на 16 години, на последната година од Гимназијата. Кога Ченто бил пуштен од затвор. Одлежа 9 од 11 години.

– Само една година бевме заедно. За времето во затворот ништо не кажуваше. Барем мене не. За него секогаш бев „малечкото девојче“. А, таа година се запознававме, зашто бевме туѓинци. Во 9-те години само трипати бев да го видам. Така беше дозволено-само еден од семејството. Мајка ми немаше пари, имаше големи „шиканирања“ од околината, а одгледа четири деца кои завршија високо образование, се присеќава Марија.

Како студентка на архитектура ја пречекала смртта на татка си во 1957 година.

– Секогаш ми доаѓа мислата дека многу можев да добијам ако растев со таков голем човек со високи принципи и идеи. Но, ми беше оневозможено, тажно констатира ќерката на Ченто.

И покрај рехабилитацијата на Ченто која стигна во 1991 година, Марија Јакимоска смета дека не го добил заслуженото место. Но, најмногу, како што вели, ја боли неединството на Македонците, неединството на политичарите, уште повеќе во ова време кога се соочуваме со иселувања, со предизвикувачко секојдневно живееење.

– Правиме чекори со кои не си ја почитуваме Земјата. А, јас велам, не си се почитуваме ни себе си. Многу ме боли разединетоста. Мојата, а убедена сум и пораката на татко ми била: Да се обединиме. Ако се обединиме, ако сите сме Македонци, само така може да се спротивставиме. Вака, секој може да нѐ цапа. А, ние тоа го дозволуваме. Мене ми пречат целосните промени при промената на власта од партиите. Има луѓе способни, без разлика на партија. Татко ми ме учеше дека нема посебно Срби, Бугари, Турци…Има само луѓе и нелуѓе, вели за МИА ќерката на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Марија Јакимоска на денот на присеќавање, на 68-годишнината од смртта на Ченто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари
Следна Статија Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза

Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ранетиот во Чаир е ТИНЕЈЏЕР, кажал на полицијата кој пукал во него

На 05.10.2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Срамота: Смрдеа, расфрлано ѓубре е сликата со која се соочуваат туристите во центарот на Скопје (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски сподели видео на својот Фејсбук профил од катастрофалната состојба во која се наоѓа кејот…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ел Чека објави видео како Дехари штипка девојка и се симнува во подрум (ВИДЕО)

Ел Чека во објавата на видеото најавува дека ако Дехари избега како што тоа го стори Артан Груби може да…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?