Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час
МАКЕДОНИЈА

На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час

Објавено August 1, 2025 19:36
Сподели
Сподели

На граничниот премин „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила поради што времето на чекање за влез е околу 45 минути, додека на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од крстосницата кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август 2025 од 07:00 часот до 6 август 2025 година. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

АМСМ потсетува дека поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10-д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на експресниот пат делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 4 август 2025 до 16 септември 2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ралев: Јас не сум дел од СДСМ, а тие покажаа и дека не им требам
Следна Статија Сиљановска-Давкова ќе се обрати на централната прослава на 2 Август во Крушево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре во Кочани нема да се одржи „Маршот на ангелите“

Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме

Во центарот на Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симболот на љубовта, единството и гордоста кон татковината. Овој впечатлив…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје. Министерството за внатрешни…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото

 Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?