Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи
ЕКОНОМИЈА

Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи

Објавено August 10, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Владата да ја следи состојабата и доколку трендот на поскапување на прехрамбените производи продолжи потребни се мерки – кои ќе бидат долгорочни, а не како досега по два до три месеци, вели Татајана Тасевска од Организацијата на потрошувачи.

Таа за Канал 5 посочува свесни се дека цените и во маркетите се повисоки, а за тоа добиле и пријави од граѓани, па оттука вели во делот на храната треба да се превземат конкретни чекори, нагласувајќи дека на земјата и е потребно поголемо домашно производство.

„Треба да се мотивира производството повеќе, да има субвенции за земјоделците кои што би можеле да производуваат повеќе храна, значи имаше порано и многу повеќе домашно производтсво, што во овој период од годината придонесуваше да бидат пониски цените барем на зеленчукот и овошјето меѓутоа во овој период грашаните тоа вистина не го чувствуваат бидејќи не се намалија ниту цените на зеленчукот ниту на овошјето кое што е навистина прескапо и не секој може да си го дозволи…. “-Татјана Тасевска од Организација на потрошувачи.

Од организацијата ја поздравија најавата дека ќе има мерки за училишниот прибор и очекуваат дека ова пред стартот на новата учебна година во голема мера ќе им ја олесни ситуацијата на граѓаните.

„Се надевам дека со тоа ќе се намалат цените и ќе им се олесни на оние граѓани кои што имаат деца во училиште и во овој период ќе се набавуваат прибори. Но во делот на прехрамбените производи треба да се превземат соодветни чекори за да може секој од нас потрошувач да купи се што му е потребно и да не го осети тоа во таа мера на својот буџет.“- Татјана Тасевска – Организација на потрошувачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не се знае колку македонски студенти студираат во странство
Следна Статија На Јакимовски анкетите му биле добри ама не знае дали ќе се кандидира за уште еден мандат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Не очекувам промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Сточарите ќе протестираат ако не добијат субвенции до 20 март

Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар. Итна…

March 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка, кажа Урсула фон дер Лајен

Европa со загриженост го следi постојаниот раст на цените на гасот и нафтата, што повторно ја отвори дебатата за енергетската…

April 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?