Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државниот санитерен и здравствен инспекторат ќе проверува како починала 30-годишната пациентка во тетовската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Државниот санитерен и здравствен инспекторат ќе проверува како починала 30-годишната пациентка во тетовската болница
ХРОНИКА

Државниот санитерен и здравствен инспекторат ќе проверува како починала 30-годишната пациентка во тетовската болница

Објавено August 10, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово.

Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани, се вели во соопштението од МЗ.

МВР претходно информираше дека денеска во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце, тетовско, пријавил дека на Инфективно одделение во Клиничка болница Тетово била хоспитализирана С.С. (30) од с.Копанце, член од неговото семејство и набргу починала.

Според пријавеното, таа била примена на болничко лекување, претходниот ден во 19.00 часот и наводно, според негово кажување, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што починала. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото и по однос на пријавата бил формиран тим за испитување на настанот, кој ќе го води дежурен јавен обвинител во содејство со екипа од СВР Тетово, се вели во соопштението од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во Долно Дупени, го гасат два ер трактори
Следна Статија МВР со детали: Во вооружената пресметка во Тетово повредени и двајца случајни минувачи, едното е малолетно девојче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиство во Тетово, жртвата застрелана со автоматска пушка

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денска во Тетово, информира…

August 10, 2025
ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Баба во банка уплатила 100 фалсификувани евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(71) од Охрид поради постоење основи за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 05.06.2024…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?