Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Објавено August 18, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ.

Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно ја штити.

 

„Ова значи само едно: власта е фатена жива, со рацете во европските фондови. Затоа со очајни напади врз СДСМ ВМРО-ДПМНЕ се обидува да побегне од вистината. Но, од вистината нема бегање. Фактите се содржани во Извештајот на ОЛАФ кој е доставен до Јавното обвинителство. Постои основано сомнение за злоупотреби на над 2 милиони евра европски пари, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ. Остануваат и сомнежите за тоа како се расределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година? Токму во тој период Ана Михајлов заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата. Улогата на Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка, поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“ и дали тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ останува да ги утврди Јавното обвинителство. И клучното прашање: во чии џебови завршија милионите евра европски пари? Очиглендо е зошто не се постапува. ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските шеми и злоупотреби во Еразмус+“, вели Јанковиќ.

Според него, за овој скандал решението е само едно – разрешување на в.д. директорката, итна и целосна кривична истрага за сите инволвирани во овие милионски злоупотреби на европски пари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Екс-министерот Бектеши вели дека Бајрам Реџепи се фатил за пушка во 2001 година, затоа бил добар за градоначалник на Тетово?! (ВИДЕО)

Поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, на настан на партијата пред изјави своите членови продолжува со радикални изјави.…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ носи мигранти за пари и прави намерна изолација на државата

Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша…

December 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Живеачката станува неподнослива

 По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?